Макпетрол освои 10 медали на Државното првенство за кадети, јуниори и У-21

На Државното првенство во карате за кадети, јуниори и постари јуниори (У-21) каратистите на Макпетрол имаа девет финалиња и освоија вкупно 10 медали – 4 златни и 5 сребрени и 1 бронзен медал.

Натпреварите беа во дисципините кумите  (борба) и кати во поединечна и екипна конкуренција.

Младите каратисти на Макпетрол на ова првенство покажаа дека се навистина извонредно подготвени, показател за нивната успешност е фактот што од вкупно 10 пријавени категории за настап , Макпетролците имаа 9 финалиња.

„Задоволни сме од настапот на нашите млади каратисти, постигнатиот резултат на ова Државно првенство можеше да биде и многу подобар. Имавме неколку непосакувани ситуации во финалните натпревари, кога нашите каратисти не се снајдоа најдобро и затоа бројот на златни медали е помал. Ова Државно првенство имаше критериумски карактер за влез на најдобрите каратисти во националниот тим на Р.Македонија. Затоа, каратистите пред и за време на целиот натпревар, имаа голем притисок. За нас, како клуб, најважно е дека докажаните репрезентативци Абдурахим Идризи, Стефан Стојановиќ и Марија Петрова ја заверија визата за учество на Европското првенство во Тампере, Финска“, вели тренерот на Макпетрол Бошко Заборски и додава:

„Сега само останува да жалиме за европскиот медалист Глигор Петков (-84 кг), кој не се пласира на Европското првенство, поради еден удар кој го изведе на противникот во пределот на глава, за кој беше дисфалификуван. Тој беше оценет со најстрога казна за тој удар од страна на судискиот панел. И покрај вложената жалба од наша страна, судиите останаа при својата одлука за дисфалификација на квалитетен натпреварувач за работа во која немаше никаква намера и за повредата многу придонесе и конкурентниот спортист од екипата на Штип, кој не внимаваше и се изложи на непотребен ризик. Исто така, поради недосудени поени во финалните натпревари не се пласираа и Викторија Јовановска – 61 кг (У-21), која на ова натпреварување покажа дека во моментов е најдобро подготвена млада каратистка и младиот јуниор Витомир Трајковски, на кого исто не му беше досуден правилно изведен удар кој ќе го носеше на Европското првенство. Сега,  останува само да жалиме поради сето тоа, бидејќи тие се по квалитет и техничка дотераност натпреварувачи кои можеа да и донесат медал на Македонија од ЕП кое ќе се одржи во Финска, во август“.

Медалисти од Карате клубот Макпетрол на ова државно првенство се:.

ДРЖАВНИ ШАМПИОНИ –ЗЛАТНИ МЕДАЛИ

  1. Марија Петрова  -50 кг (У21), златен медал
  2. Абдурахим Идризи -60 кг (У21), златен медал 
  3. Стефан Стојановиќ +76 кг, јуниор златен медал

4, Екипно борби – мажи (кадети и јуниори) златен медал, составен од: Стефан Стојановиќ, Димитар Лозановски, Данило Божовиќ и Витомир Трајковски

СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ

  1. Глигор Петков постар јуниор (У21), -84 кг сребрен медал
  2. Витомир Трајковски јуниор сребрен медал
  3. Димитер Лозановски јуниор -63 кг, сребрен медал
  4. Викторија Јовановска -61 кг (У21) сребрен меда

БРОНЗЕН МЕДАЛ

10.Даријан Тасевски (У21 + 84 кг бронзен медал

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON