Погледнете го првото соочување меѓу Миочиќ и Нгану пред пресметката

Стипе Миочиќ (20-3) го брани шампионскиот појас во тешка категорија против предизвикувачот Фрeнсис Нгану (15-3) во саботата на УФЦ 260. Тие го одржаа првото соочување откако пристигнаа во Лас Вегас. Тоа ќе биде нивна втора пресметка. Миочиќ го доби првиот меч во јануари 2018 година во Бостон со едногласна одлука на судиите.

И во соочувањето пред таа борба, Нагану погледна кон Стипе и ги покажа прстите надолу, како „така ќе завршиш“. Но, американскиот борец со хрватски корени на мечот покажа кој е шеф во октагонот. Миочиќ тогаш одлично се снајде во тактичката борба и доминација и по трет пат го одбрани шампионскиот појас на УФЦ.

Овој пат камерунскиот борец на соочувањето пристигна мирен и без гестови. Двајцата мирно се соочија и се ракуваа двапати. А како изгледаше на видеото:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON