Џон Џонс со еден ситрел уби дива свиња, но ги налути обожавателите (ВИДЕО)

УФЦ борецот Џон Џонс ги налути обожавателите кои го следат на социјалните мрежи поради објавување на снимка на која се гледа како убива дива свиња во текот на лов, од хеликоптер.

Џонс моментално се подготвува за премин во тешка категорија, а пред соочување со неговите колеги во октагонот, тој одлучи да замине на лов.

Овој УФЦ борач сака оружје и лов, а со видеото на Инстаграм не успеа да ги одушеви луѓето кои го следат.

„Еден погодок, едно убиство и многу сланина. Ми беше чест да ловам со добитникот на орден на честа, Патрик Пејн“, напиша Џонс покрај видеото.

Сепак, реакциите воопшто не се позитивни од оваа негова објава. Многумина го осудија поради објавување на видеото, а некои мислат дека убивањето животни од хеликоптер не може да се нарече лов.


 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО