Натпреварувачите на Дан кју освоија осум медали на Меѓународниот џиу џицу турнир „Будва опен 2017“ во Црна Гора, а со златни медали се заќитија Зоран Колевски и Катерина Ацеска.
Од осмуте медали 2 се златни, 2 сребрени и 4 бронзени.
Медалите за Дан кју ги освоија:
- Зоран Колевски – злато
- Катерина Ацевска – злато
- Давид Дамовски – сребро
- Дарко Стојановски – сребро
- Јаким Колевски – бронза
- Роберт Блажев – бронза
- Антонио Стојчески – бронза
- Калин Кирковски – бронза.
Ipon.mk/В.Д.