Сумо борењето е нешто ново што ќе се промовира на нашата спортска/боречка сцена во Штип на Европското првенство во сабота и недела.
Идејниот творец на древната јапонска вештина, која се смета за боговска, е борачот на Балканец Виктор Богданов, воедно и претседател на Македонската сумо федерација.
–Прв пат со сумо борењето се сретнав во Бугарија, за време на моето студирање, каде што овој спорт е развиен. Имаа околу 36 клуба со 400-500 натпреварувачи. Во 2010 година учествуваме на Европското првенство во Варна-Бугарија, – вели Виктор Богданов, истакнувајќи дека тогаш на Конгресот во Варна Македонија е примена во Европската сумо унија. На тоа Европското првенство Богданов и Бобан Данов од Штип ги освоија петтите места. Во 2012 година на ЕП во Будимпешта Унгарија, Бобан Савев освои сребрен медал, а 2014 година во категоријата до 85 кг беше трет.
-Побаравме од Европската сумо унија кај нас да се одржи Еврпското првенство за да го развиеме овој спорт. Сумото стар јапонски спорт кој е присутен во 21 европска држава. Бугарите имаат 3-4 професионалци кои живеат и се натпреваруваат во Јапонија, – истакнува Богданов, додавајќи дека за сумото сите имаат мислење дека тоа е натпревар на големи луѓе кои имаат преку 120 килограми. Но, потенцира тој, не е така, бидејќи има повеќе возрасни и тежински категории.
Претседателот на Македонската сумо федерација вели дека на ЕП ќе учествуваат седум држави со 230 натпреварувачи од Македонија, Унгарија, Германија, Бугарија, Велика Британија, Грузија, Холандија, Финска, Норвешка, Србија.Меѓу нив има 70 жени од Бугарија, Србија, Унгарија, Грузија, Германија, Велика Британија, Финска и Норвешка.
Македонија ќе биде застапена со 18 натпреварувачи, најголемиот дел од нив сечленови на БК Балканец. За Македонија ќе настапат: Мице Ристов, Дејан Спасевски, Бобан Савев, Горан Ангелов, Даниел Михајлов и Јован Илиовски од Кратово; во сениорска конкуренција, како и во младинска, Дарко Иванов, Дарио Величковски, Серхан Шекиров, Александар Донев, Иле Харалампиев, Кристијан Крстев од Радовиш, Васе Спасов, Михаил Николов, Филип Тасевски, Давид Мишев, Мартин Митков, Петар Тодев, сите од Штип.
Ќе судат и четворица меѓународни лиценцирани судии од Македонија и тоа: Даниел Илиев, Маријан Лазаров, Игор Христов и Гоце Ангелов.
-Конкуренцијата ќе биде силна, ќе учествуваат најголемите велесили во сумо борење. Затоа, тешко е да се предвиди пласманот на нашите сумо борачи. Можеби, најмногу очекуваме од Бобан Савев, кој веќе има два медали од европските првенства, но и од Јован Илиев од Кратово, – смета Богданов.
Првиот ден, в сабота, ќе настапат младите сумо борачи, в недела повозрасните и во потешките категории, кои, всушност, треба да бида атрактивни и спектакуларни.
Светската федерација во сумо борење е формирана 1992 год, а 1995 година и европската Сумо унија.
Сумо борењето е атрактивен спорт и борбите се многу кратки. Физичките предиспозиции и техниката се главни фактори. Победник е оној борач кој ќе успее противникот да го турне надвор од означената зона, или, пак, да го исфрли од рамнотежа и да го спушти на душекот.
ipon.mk/В. Донев