7 медали за Гладијатор – две злата за Викторија Варадинова на „Сараево опен 2016“

viktorija-varadinova-so-dve-zlata-saraevo-2016

Кикбоксерите на КБК Гладијатор од Штип имаа успешен настап на Меѓународниот кик бокс турнир „Сараево опен 2016“ во Босна и Херцеговина, освојуваќи седум медали од кои четири се златни, две сребра и една бронза.

viktorija-so-drugi-mladi-medalisti

Викторија Варадинова уште еднаш покажа дека е во форма и освои два златни медали, а Стефан Сандев и Јован Ѓошев исто така беа први, додека Славче Арсов и Баже Главев стигнаа до финалето, но ги освоија сребрените медали, а Јована Арсова го освои бронзениот медал.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON