Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија (КМФМ) го одржа редовното годишно Собрание, при што едногласно се усвоени записникот од предходното Собрание, како и завршата сметна за 2018-та.
„Се разговараше за подобрувањето на меѓуклупските и меѓутренерските односи, како и за подобрување на функционирањето на КМФМ“, рече претседателот на КМФМ Дејан Митровски-Урко.
Потоа на заедничкиот ручек се разговарше за успесите во годината што изминува и за она што следува во 2020 година.
На Собранието на покана на КМФМ присуствуваше и претставник од Агенцијата за спорт и млади искажувајќи пофални зборови за меѓусебната почит и толеранција како колектив кој постои во федерацијата.
Ipon.mk