Тајсон Фјури е сериозно посветен на ММА борбите во УФЦ и веќе почна да се подготвува. Неодамна имаше тренинг сесија со својот сонародник и поранешен кандидат за титулата Дарен Тил и беше задоволен од работата што ја направија.
Поранешниот шампион во бокс изјави дека сака да тренира со екс-двојниот шампион Конор Мек Грегор и дека наскоро ќе отиде кај него во Даблин. Фјури знорува само во суперлативи за Ирецот и не нема трпение да почне да учи од него.
„Не можам да дочекам да тренирам со Конор. Ќе испланираме сè и наскоро ќе одам кај него во Даблин. Мислам дека Конор е апсолутно фантастичен борец. Се понуди да ме тренира кога решив да се борам по ММА правилата. Каков подобар учител можам да имам во ММА од „Озлогласениот“ Конор Мек Грегор?
Дефинитивно ќе одам кај него да тренирам. Трениравме ММА со Дарен Тил во Ливерпул минатата недела. Навистина уживам во новиот предизвик. Не знам кога или каде ќе дебитирам во кутијата“, рече Фјури во интервју за РТЕ Радио 1.
.