Хабиб Нурмагомедов се подсмева со канадската ММА легенда Жорж Сент Пјер. Ветеранот имаше прилично скандалозно интервју непосредно пред УФЦ 242. Поранешниот шампион во полусредна и средна категорија откри дека УФЦ намерно не сакал да направи меч меѓу него и Русинот.
„Сент Пјер е одличен шампион и спортист.
Одличен пример за помладата генерација. Ако сака да се врати или да се чувствува гладен, ќе го чекам. Сè додека успее да се симне до лесна категорија. На Жорж можеби му се допадна новиот појас. Ако е така, ќе му го дадам. Сликајте. Тогаш мора да ми го врати веднаш. Ако сака да се бори, со задоволство ќе прифатам таква средба“.