Младите борачи на Олимпија од Штип имаа успешен настап на Меѓународниот турнир во Катунци – Бугарија, освојувајќи 5 медали,а екипно се четврти, додека Андреа Нисева е прогласена за најперспективен борач на турнирот.
„Иако Нисева имаше две загубени борби и го освои третото место (се бореше со грнерација 2004-2005), а е родена 2009 година, ги освои симпатиите не само на стручните лица туку и на публиката. Севкупно солиден настап на нашите борачи иако можеше и многу подобро. Но времето работи за нас. Ќе работиме и ние, бидејки борењето не е само спорт – борењето е начин на живот“, велат од Олимпија.
Ipon.mk