И Бигфут Слива оди во бокс без ракавици

Антонио Силва е уште еден познат ММА борец кој ќе се испроба во боксот без ракавици.

39-годишниот Бигфут потпиша за Бер накел фајтинг чемпионшип БНФЦ , промоција во која се бореа Артем Лобов и Поли Малигнаџи.

Датумот за дебито сè уште не е објавен.

Неодамна беше објавено дека Александар Емелијаненко потпишал за истата организација.

Бразилецот последната борба во ММА ја имаше во јуни 2017 година, кога беше нокаутиран од Виталиј Минаков. Тоа беше негов петти последователен пораз.

Во истата година во октомври во Кина се бореше кик-бокс меч во Глори со шампионот во тешка категорија Рико Верховен. Холанѓанецот го нокаутира во втората рунда.

Бигфут имаше повеќе прекрасни моменти во текот на неговата ММА кариера. Во 2011 година, тој го победи Федор Емелијаненко во четвртфиналето  во Страјкфорс на Гран-прито со технички нокаут. Две години подоцна, тој го нокаутира Алистер Овереем и ги победи Андреј Арловски, Рикардо Родригез, Том Ериксон, Весли Кореиро, Мајк Кајл, Травис Браун и Соу Палелеи.

Во 2013 година го предизвика Каин Веласкез за титулата на шампион во тешка категорија во УФЦ.

Неговиот сооднос на победа и порази е 19-12-1НЦ.

https://www.youtube.com/watch?v=62scBVfpRZ0
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON