Дана Вајт: Апсолутно е возможно да има реванш меѓи Хабиб и Конор Мек Грегор

Дана Вајт не ја крие желбата повторно да се борат двете најголеми ѕвезди на УФЦ.

Минатата година Хабиб Нурмагомедов ја одбрани титулата со победа над Конор Мек Грегор, а нивната битка стана најпродавана во историјата на УФЦ. Билети се распродадоа за неколку секунди, а навивачите видоа како Нурмагомедов го натера Мек Грегор да се предаде, потоа го прескокна кафезот и направи мешаница со Дилан Данис.

Сето е јасно дека во однос на приходите, втората битка меѓу нив ќе биде голема. Мек Грегор продолжува да инсистира на тоа дека е во пензија и очигледно има за цел да им ги врзе рацете на УФЦ, за да има реванш со Хбаиб. Претседателот на УФЦ сé уште не ја открива иднината на лесната категорија и не е убеден дека Тони Фергусон ќе има шанса да се бори со Хабиб, истакнувајќи денес дека реваншот меѓу Хабиб и кОнор Мек Грегор е можен.

„Лесната категорија е многу интересно, затоа што ги имаме Хабиб, Фергусон, Мек Грегор, Цероне и Гаетје. Се уште се зборува за битка меѓу Хабиб и Жорж Сент Пјер. Има многу интересни и луди работи што можеме да ги направиме во оваа категорија. ЖСП рече дека се повлекува, но ќе се врати ако има меч со Хабиб. Да, втората борба меѓу Хабиб и Мек Грегор ќе биде голема и апсолутно можна. Мислам дека Мек Грегор ќе се врати на почетокот од следната година.

Во моментов, сите овие момци гледаат кон септември, за да видат што ќе се случи меѓу Хабиб и Пориер. Мислам дека ќе има раздвижување по таа битка. Ќе видиме што ќе се случи со Конор. Можеме да видиме дека тој не учествува во филмови, туку постојано тренира и е во одлична форма. Во борбата меѓу Хабиб и Мек Грегор има премногу пари. Богатите се обложуваат дека ќе има таква битка“, вели Вајт.

https://www.instagram.com/p/B0RYIXSoSN9/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО