Бразилецот Алекс Переира доби шанса да го освои појасот на УФЦ во средна категорија во ноември минатата година.
Со прекин во петтата рунда го совлада Израел Адесања и стигна до тронот на најголемата светска ММА организација, но таму не се задржа долго.
Изи изминатиот викенд му возврати на Переира и повторно го освои златниот појас со нокаут во втората рунда.
По мечот започна приказната дека бразилскиот борец би можел да ја продолжи кариерата во полутешка категорија, а Алекс сега го потврди тоа на својот Јутјуб канал.
„Следната борба ќе биде во категоријата до 93 килограми. Ја завршив мојата работа и време е да се префрлам во полутешка категорија. Отсекогаш успешно слабеев за средната категорија, но сега е време да се префрлам во повисока категорија“, изјави Алекс Переира.
Бразилецот веќе некое време планира да се пресели во полутешка категорија. Во Глори беше шампион во средна и полутешка категорија.
Џамахал Хил е актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, кој го победи Гловер Тешеира во јануари и ја освои титулата.
Поискусните борци го чекаат Переира во полутешка категорија, а покрај Хил се и Јиржи Прохаака, Магомед Анкалаев, Јан Блачович, Александар Ракиќ, Ентони Смит…