Легендарниот Мајк Тајсон има закажано борба на 28 ноември против Рој Џонс Џуниор, што ќе биде негова прва откако се пензионираше пред 15 години.
Сега „Железниот Мајк“ има 54 години, а неговиот противник е три години помлад, но Тајсон е убеден дека би можел да се справи со уште многу помлади боксери кои момемнтно доминираат на светската профи-сцена.
Во последната изјава Тајсон вели дека би боксувал и со актуелните светски шампиони како Ентони Џошуа и Тајсон Фјури.
„Јас сум заинтересиран“, изјави Тајсон за ТМЗ на прашањето за потенцијалната борба против Џошуа.
Mike Tyson's Down To Fight Anthony Joshua For Charity https://t.co/WnGXS4a8Lj
— TMZ (@TMZ) September 24, 2020
„Ако тоа значи дека овој меч ќе има голем хуманитарен одзив, ок, јас сум за“, додаде Мајк, кој официјално не се борел од 2005 година.