Фират Арслан (53) го прегази Един Пухало во нивниот боксерски меч кој се одржа минатиот викенд.
Интересно е што Пухало е 17 години помлад од него. Нивната борба заврши со нокаут во шестата рунда. Така Арслан со стил се прости од боксот. Германецот доминираше од почетокот на борбата и Пухало падна во шестата рунда.
Ова му овозможи на Арслан да се пензионира како ВБА светски шампион во тешка категорија. Борбата започна со доминација на Арслан од самиот почеток. Пухало се пожали на недозволени удари во задниот дел од главата.
Тоа не го спречи искусниот ветеран да ја продолжи доминацијата. Пухало три пати падна на подот, на крајот принудувајќи го судијата да го прекине мечот, а 53-годишниот Арслан славеше импресивна победа која го одбележа неговото пензионирање.
За Фират Арслан тоа беше проштален меч. Со 55 победи, 9 порази и три нерешени борби во кариерата заминува со импресивен скор и зад себе остава богато боксерско наследство.
Preliminary information: There were significant video issues on-site, so I can only show the material that was broadcast.
Firat Arslan (55-9-3) 🇩🇪🇹🇷🐐 wins his farewell fight in the 6th round against Edin Puhalo (23-2) 🇧🇦 and has become the new WBA Gold champion in the… pic.twitter.com/HnYuTLStBi— Permante (@PermantexG) October 21, 2023