Тренираат на душеци стари преку 30 години, а некои и по 50 години. Киријата ја плаќаат од џеб. На членовите не се наплаќа членарина, а им се дава опрема за користење. Тоа не им смета да учат од најдобрите во светот и да имат македонски ADCC (Abu Dabi combat club) шампион за 2013 година и на ФФЦ, на најголемиот тунир во ММА Фајнал фајт првенството, Димитов го совлада натпреварувачот од Грција.
Тоа е „ИГОР ММА“, клубот за мешани боречки спротови.
-Љубовта спрема спортот е голема. Не сме многу. Малку сме, ама се добри момчиња. Посветени спортисти. Сиромашни деца кои гедаат излез во спортот. Им купивме маички, сејкери, бандажери, ракавици за ММА, а нешто си купија и сами, вели основачот и предводник на клубот Ристо Димитов – Чурино.
Клубот постои две години и има 10 борци. Игор ММА работи како дел од Игор ММА од Сиднеј, Австралија.
Досега во Битола гостувале врвни мајстори на мешаните боречки вештини и спортови, како: Армандо Рејна, БЏЏ црн појас, кој е под закрила на Калос Грејси Јуниор; кикбоксерот и сопствник на Максим Гим ЛЛЦ, од Хобарт, Индијана; Роберт Томпсон БЏЏ црн појас, под закрила на мастер Луиз Палхарес БЏЏ корал појас; Остин Јакобсон, исто така под закрила на Палхарес; Адријан Фридман ај го рју џиу џицу виолетов појас од кај Игор ММА Сиднеј, под закрила на Игор Брејкенбек; Горјан Стојчевски, главен тренер во Кабра вристлинг Сиднеј, а син му го има освоено Абу Даби џиу џицу професионалниот Шампионат; Горјан ќе биде селектор на австралиската репрезентација во борење.
-Ние, како клуб, на децата што немаат пари за членарина не им бараме пари, истакнува Димитров и додава дека од клубот од Австралија и пратиле користена опрема, а била речиси нова.
Во клубот, кој е единствен во Битола, а не се многу и во Македонија, се изучува специјален систем за ММА борби, во кој се опфатени боксот, кик боксот, тајландскиот бокс, џиу џицу, таеквондо и самоодбрана. Главен мајстор е Игор Смилјевиќ, а инструктор за Македонија е Сенг Ситисако.
-И тој замина за Австралија. Сите ние сме ученици, а во моментов јас сум одговорен. Тие ми предаваат знаење, а јас го пренесувам на другите. Сега сме без тренер, ама се снаоѓаме. Соработуваме со други клубови во Македонија и Бугарија и носиме инструктори кај нас. Тренираме со самофинансирање. Се си плаќаме од нашиот џеб. Јас од платата оделувам пари за кирија, истанкнува Димитров, кој е македонскиот ADCC (Abu Dabi combat club) шампион за 2013 година.
Да потсетиме, изминатиов викенд Дарко Лукач на Меѓународниот турнир „Књажевац опен интернешнал“ во бразилско џиу џицу го освои третото место во категоријата до 64 килограми-бел појас. На Лукач ова му беше прв спортски натпревар.
На турнирот учествувале натпреварувачи од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Српска и Македонија.Имало квалитетни борби, бидејќи поголем дел од натпреварувачите се подготвуваат за европското првенство.
ipon.m/В. Донев