Пет милиони долари ќе биде казната за позитивен допинг тест на натпреварот помеѓу Флојд Мејведер (САД) и Мани Пакијао (Филипини).
Филипинецот откри дека се прецизираат последните детали околу средбата.
„Речиси се разбравме“ – изјави за новинарите Мани.
„Да ја почекаме официјалната најава на средбата. Веќе се договоривме за условите. За мене нема никаков проблем да се подложам на допинг тест. Во договорот е запишано дека при позитивен тест, ќе има парична казна од 5 милиони долари . Токму тоа, го барав јас“-рече Пакијао.
И покрај ова, историскиот меч се уште го пратат контроверзи, дали ќе се одржи или не. Се уште ништо не е сигурно.