Репрезентативките на Македонија во карате, од редовите на КК Макпетрол, имаат неколкудневни висински подготовки во Маврово за сениорското Европско првенство во Истанбул, Турција, за две недели.
Под водство на поранешната европска шампионка, Наташа Илиевска, во Маврово се: Наташа и Моника Стефановски, Моника Пендаровска, Ангела Мојсовска, Симона Заборска и Сара Радичевска.
Од денес ќе им се придружи и тренерот на клубот Бошко Заборски.
Се надеваме дека новиот снег нема да им смета, бидејќи Маврово и хотелот Макпетрол се покажаа како среќна база за нашите репрезентативки, затоа што редовно освојуваат медали.
Од идната недела ќе почнат завршните подготовки на целата репрезентација за ЕП.
ipon.mk/В.Д.