Судот во Дербишир, Велика Британија, го испрати поранешниот ММА борец Ли Хенкок во затвор на 41 месец по манифестацијата на семејно насилство минатото лето врз неговата девојка, пренесе Спорткида.
Лекарскиот преглед покажа дека Хенкок ја мачел Фалон Брамал 10 часа во нејзиниот дом. Ја врзал, а потоа почнал да ја насилува и гризе. Како резултат на тоа, тој и ја скршил коската околу една од нејзините очни дупки, и го скршил носот, оставил траги од забите на лицето и телото и и ја скршил вилицата.
Хенкок доби 24 месеци за заканите за убиство, дополнителни 16 месеци за нападот и уште еден месец за домашна штета. За период од 3 години и 4 месеци нема да може да дојде на 500 метри од домот и работното место на Брамал, а 10 години му е забрането да има било каков контакт со неа.