На вчерашен ден 21.11.1976 година, пред точно четириесет години, премиерно беше прикажано првото продолжение на култниот боксерски филм Роки. Не само што овој филм ја одбележаа целата филмската индустрија, туку со бокс зарази генерации на млади.
Главниот актер на серијалот, Силвестер Сталоне, кој го игра леворакиот Роки Балбоа го направи планетарна супер ѕвезда, а колку е успешен серијалот зборува фактот дека вкупно се снимени седум продолженија, а се подготовува и осмото (Вера 2/Creed 2), коe ќе се емитува кон крајот на овој месец.
Не постои филмски, спортски или боксерски фан кој не го обожува Роки. Тоа е филм кој може да се гледа 20 пати, а сигурно ќе уживате и 21-от пат. Не смеат да се заборават ниту одличните „саундтракови“ кој исто така имаа планетарен успех и заслужија култен статус.
Среќен 40 роденден Роки Балбоа!
https://youtu.be/I33u_EHLI3w