Џиу џица клубот Дан-кју на Меѓународниот турнир „Видовдан опен 2016“ во Бања Лука освои четири медали со четири натпреварувачи.
Давид Дамовски и Анжела Трајковска освоија златни медали, а Зоран Колевски и Јаким Колевски бронзени.
На турнирот учествуваа околу 300 натпреварувачи од 7 држави.
„Дефинитивно мора да се истакнат борбите на Давид Дамовски во категоријата пионери + 50 кг. Во конкуренција од 6 натпреварувачи Давид постави еден рекорд во клубот, што останатите ќе мора да го следат, а тоа е четири победи по ред за златен медал. Најинтересното е тоа што во финалето го победува борецот од клубот домаќин за 40 секунди со фул ипон. На некое поголемо натпреварување, каде што би имало и преку 10 натпреварувачи, по систем на елиминации со четири победи сигурно би освоил еден од првите два медала“, вели неговиот тренер Александар Ацевски..
Ipon.mk/В.Д.