4 нокдауни и титула за Андраде (ВИДЕО)

Демтриус Андраде е новиот шампион во средна категорија на Светската боксерска организација (ВБО), откако четири пати го прати во нокдаун Валтер Каутондоква и победи убедливо со едногласна судиска одлука (120-104, 120-104, 119-105) во борбата за појасот во салата на „ТД Гарден“ во Бостон.

Андраде во ниту еден момент не изгледаше загрижен и неуверлив против противник кој во последен момент се соочи со него, откако Били Џо Саундерс не доби бокс лиценца, поради позитивен допинг тест. Очекуваниот дуел меѓу двајцата пропадна поради проблемот на Англичанецот со Антидопинг агенцијата, а промоторот Еди Херн вети дека ќе игра „фер-плеј“ и ќе организира доброволна одбрана на титулата против Сандерс кога ќе доби дозвола да се бори.

Андраде го испрати противник во нокдаун во првата и во третата рунда, потоа уште два пати во четвртата, но Каутондоква покажа храброст и издржливост, за да го заврши мечот. Андраде пак сфати дека нема да може да го задржи противникот наподот и се задоволи во втората половина на битката едноставно да ги демонстрира подобрите боксерски вештини, уверен во убедливата предност во поени.

Според статистиката новиот шампион пласирал 152 од 501 упатени удари, додека противникот му е со учинок 45 од 325. Андраде веќе има 26 победи во 26 натпревари на рингот, од кои 16 се со нокаут.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON