4 борачи ќе ја бркаат нoрмата за Олимпијадата во Рио

Borenje reprez podgotvki vo Bugarija za Zrenjanin

На подотовки во Самоков, Бугарија се наоѓаат македонските борачи репрезентативци- Дејан Митров, Бобан Данов и Јасин Реџелари, кој е спаринг партнер на Митров. Во Махачкала, Русија се подготвуваат натурализираните Македонци Лабазан Аскебриев и Мохамегаџи Нуров.

Сите заедно на 12 април ќе отпатуваат за Зрењанин, Србија, каде од 15-17 април ќе се одржи првиот квалификационен турнир за учество на ЛОИ во Рио. По двајца најдобри од секоја категорија ќе учествуваат на ЛОИ.
Останува отворено прашањето- дали македонските репрезентативци можат да го постигнат невозможното, иако може да се каже дека им беа обезбедени адекватни услови за подготовки.

Други тројца македонски борачи се подготвуваат во Бугарија за ЕП до 23 години, во Русе, а настапуваат во сабота и недела. Таму се Елмадин Сејфулаху, 57, Раиф Камбери, 61 и Бехар Махмути, 70 кгр. Од ваквиот расплет на настаните, остана незадоволен Стефан Никовски, кој за ЕП се подготвува во Штип.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON