Околу 350 натпреварувачи од 42 држави ќе учествуваат во јубилејното 70-то издание на Меѓународниот боксерски турнир (мажи и жени) „Странџа 2019“. Натпреварите ќе се одржат од 14 до 19 февруари во Софија. Официјалното отворање е на 14 февруари во 17:30 часот, а е финалето на 19 февруари со почеток во 14:00 часот. Македонија, по долго време, ќе настапи со двајца боксери, Гоце Јанески и Јасин Лама.
Од големите бокс нации само Куба и Ирска нема да учествуваат. Американскиот тим пристигнува со делегација од 42-ца, екипите на Индија и Украина се исто така големи. Меѓу учесниците има голем број на олимписки и светски шампиони.
Влезот за ученици е бесплатен, а за другите од 5 до 10 лева (150-300 денари) за финалето. Собраните пари ќе бидат доделени како награда за учесниците.
„Ова е јубилеен 70-ти турнир. Ова е еден од најстарите турнири во бокс во светот, а во Европа е најстариот. Ќе учествуваат 42 земји, што е доказ за сериозноста на натпреварите“, рече претседателот на БФБ, Красимир Инински .