28 октомври Светски ден на џудото – „Џудо за светот“

svetski-den-na-judoto-dete-2016

Под мотото „Џудо за светот“ – Џудо федарацијата на Македонија, македонските џудо клубови, џудисти, тренери и спортски работници шеста година по ред го одбележуваат Светскиот ден на џудото 28 октомври.

svetski-den-na-judoto-2016

Годинашниов фокус на прославата на Светскиот ден на чудото кој се чествува во чест на роденденот на основачот на џудото, Џигоро Кано, е насочен кон темата „Џудо за сите“ која заедно со претходните теми „Обединетост“ (Unity), „Чест“ (Honour), „Упорност“ (Perseverance), „Џудо за сите“ (Judo for all) и „Почит“ (Respect) означува дел од принципите на џудото.

Денес, повеќе од 20 милиони луѓе од целиот свет секојдневно тренираат џудо. Интернационалната џудо федерација брои повеќе од 200 национални федерации и пет континентални сојузи. Светскиот ден на џудото има за цел да ги покаже спортските вредности, но и да докаже дека џудото е повеќе од спорт. Џудото е образовна алатка која може да им помогне на луѓето да живеат заедно и да се почитуваат еден со друг. Целта е да се зголеми бројот на џудисти во целиот свет и да се помогне да се промени животот на луѓето со користење на моќта на џудо.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО