Откако Дамир Белјо беше принуден да го одбие мечот за светската титула на ВБО крузер категорија, Олександер Усик успеа да најде нов противник.
Откако, наводно, понудата ја одбиле Кристоф Влодарчик и Матеуш Мастернак, мечот го прифати Табисо Мчуну (17-2, 11 КО).
28-годишниот Јужноафриканец во кариерата е нокаутиран од кик боксерот на Глори Зак Мевкасе и Илунга Макабу кој во мај се бореше со Тони Белју за ВБЦ појасот. Има победа против поранешниот предизвикувач на Владимир Кличко за светските титули, Еди Чемберс и Оланревају Дуродола кој во 2015 година го нокаутираше Дмитриј Кударшов. Мчуну е висок 180 сантиметри, а олимпискиот шампион од Лондон е висок 190.
Усик (10-0, 9 КО) веќе е во Лос Анџелес каде што се подготвува за борбата на 17 декември. Мечот ќе се одржи на опротувањето на Бернард Хопкинс во Форум во Инглвуд.
29-годишниот Украинец титулата ја освои во септември на гостински терен во Полска со импресивни перформанси против Кристоф Гловацки.
https://youtu.be/al0mVXgZWdA