Ентони Џошуа (20-0, 20 КО) на 31 март во својот втор меч ќе се бори за обединување на титулите во тешка категорија.
28-годишниот ВБА, ИБФ и ИБО шампион на стадионот во Кардиф силите ќе си ги одмери непоразениот ВБО шампион од Нов Зеланд, Џозеф Паркер (24-0, 18 КО).
На олимпискиот победник од 2012 година тоа ќе му биде шеста борба за титулата светски шампион.
Титулата на ИБФ ја освои со нокаут во втората рунда против Чарлс Мартин во април 2016 година, а појасите на ВБА и ИБО ги додаде по победата пред 90.000 гледачи на Вембли во легендарниот меч против Владимир Кличко во април 2017 година.
Погледнете ги неговите 25 најдобри удари од неговата професионална и аматерска кариера.
https://youtu.be/xUrZ8vXX3N8
.