Денес е роденден на Брус Ли!

bruce-lee-bruce-lee-26519405-1188-805

На денешен ден е роден големиот мајстор на боречките вештини Брус Ли.

Брус Ли, роден Ли Џун Фан, (27 ноември 1940 – 20 јули 1973), актер, мајстор на боречките вештини, филозоф, режисер, продуцент, сценарист и основач на приодот на борба наречен „Џит Кун До“. Тој се смета за културна икона и еден од највлијателните борци на 20 век.

Ли е роден во Сан Франциско, Калифорнија, во семејство со потекло од Хонгконг. Но растел во Хонгконг, се до крајот на тинејџерските денови. Кога наполнил 18 години, Ли емигрирал во САД, за да се здобие со американско државјанство и со повисоко образование. Тоа бил периодот кога започнал да предава боречки вештини, кои наскоро го довеле до филмски и телевизиски улоги.

Неговите филмови со продукција од Хонгконг и Холивуд ги издигнаа традиционалните филмови со боречки вештини од Хонгконг на ново ниво на популарност и слава, и предизвикаа голем интерес за кинеските боречки вештини во Западот во 70-тите години на минатиот век. Насоката и тонот на неговите филмови ги променија боречките вештини и филмовите со боречки вештини во Хонгконг, како и во остатокот од светот. Тој е познат по својата улога во пет играни филма, „Големиот газда“ (1971) и „Тупаница на гневот“ (1972), во режија на Ло Веј; „Враќањето на змејот“ (1972), режиран и напишан од Брус Ли; „Во гнездото на змејот“ (1973) на Ворнер Брадерс во режија на Роберт Клус и „Игра на смртта“ (1978).

Ли стана позната фигура во целиот свет и останува многу популарен меѓу азиските народи, а особено меѓу Кинезите, бидејќи преку неговите филмови го отсликувал кинескиот национализам. Ли првично тренирал Винг Чун, подоцна ги отфрлил добро дефинираните боречки стилови и го поттикнувал користењето на корисни техники од различни извори во духот на неговата лична философија за боречките вештини која ја нарекол Џит Кун До.

 

 

 

 

 

 

 
 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON