Македонските таеквондо клубови на 5. „Астерикс опен куп“ во ниш Србија, освоија вкупно 25 медали во А-класа.
По клубови ситрибуцијата на медали е следната:
Бутел – 16 медали – 3 златни, 3 сребрени и 10 бронзени
Кобра – 5 медали – 2 златни, 1 сребрен и 2 бронзени
Борец – 2 медали – 1 златен и 1 бронзен
Годел – 1 златен медал.
Хва ранг фист Охрид – 1 бронзен медал.
„Големо браво за македонските теквондисти, имаме силни и талентирани млади генерации кои се надеваме дека ќе одат по стапките на Дејан, Филип и Анамарија“, велат од Македонската таеквондо федерација.
Инаку, на силниот меѓународен турнир учествуваа 100 клубови од 20 држави со над 1000 натреварувачи.