Сеишин на Државните првенства во џудо за јуниори и ветерани освои вкупно 17 медали – 6 златни, 6 сребрени и 5 бронзени, односно 9 во јуниорска конкуренција и 8 кај ветераните.
Прилепскиот клуб на овие првенства што се одржаа денеска во Прилеп учествуваше со 21 натпреварувач во двете возрасни категории (13 јуниори и 8 ветерани).
На овие првенства чиј домаќин беше Сеишин учество земаа 12 клубови со околу 100 натпреварувачи.
Резултати поединечно:
јуниорки
- Теодора Димеска 1 место
- Ема Димитриоска 2 место
- Магдалена Најдоска 3 место
- Марија Талеска 3 место
Јуниори
- Јован Најдоски 1 место
- Антонио Талески 2 место
- Валентин Димитриоски 2 место
- Марко Тодорчески 3 место
- Кристијан Тошески 3 место
Ветерани
- Мартин Ристески 1 место
- Маке Спиркоски 1 место
- Томе Јосифоски 1 место
- Сашо Димовски 1 место
- Киро Здравески 2 место
- Менде Илиоски 2 место
- Тони Бурнески 2 место
- Ацо Божиноски 3 место
„Добри борби покажаа и Сеадин Ристемоски, Бојан Мојсоски, Стефан Талески и Мартин Трајкоски кај јуниорите, но не успеаја да изборат место на пиедесталот“, велат од клубот.