Македонските кикбоксери освоија 17 медали на Меѓународниот турнир „Балкан опен 2017“ во Тешањ Босна и Херцеговина, од кои 7 златни, 4 сребрени и 6 бронзени, а Димитар Ѓоргиев е прогласен за најдобар сениор, а Јована Арсова за најдобра јуниорка.
Златни медали освоија: Мартин Матиќ, Димитар Ѓорѓиев, Бобанчо Илиоски, Наим Самиу, Викторија Варадинова, Јована Арсова – два.
Македонија ја претставуваат 18 напреварувачи и ги постигнаа следните резултати:
- Слаѓан Димиќ во К-1 -71 кг (јуниор) – КБК Шампион – Скопје 3 место, пораз од Владимир Бејковиќ.
- Хадис Рамадани во К-1 и лоу кик -67 кг (сениор) – КБК Шампион – Скопје 3 место, пораз од Селим Делиќ од БиХ.
- Дарко Најдов во лоу кик – 63,5 кг (јуниор) – КБК Гладијатор – Скопје 3 место, победа против Харун Дураковиќ, а поради повреда не настапи во следниот меч.
- Дарко Крстев во лоу кик -67 кг (јуниор) – КБК Шампион – Скопје – 2 место, подеба против Хрватот Еди Тула, пораз од Еди Буза-Хрватска.
- Бобанчо Илиоски во лоу кик -75 кг (сениор) – КБК Шампион – Скопје – 1 место, победа против борец од Србија.
- Викторија Варадинова во кик лајт -60 кг (постар кадет) и К-1 -60 (јуниор) – КБК Шампион – Скопје – 1 место во К-1 без противничка, а во кик лајт 2 место и е поразена од Тара Бохаку.
- Андреа Костовска во кик лајт -55 кг (сениор) – КБК Фајт тим – Скопје, пораз од Андреа Орашкади.
- Наим Емини во поин фајтинг -28 кг (деца) – КБК Тетове – Тетово
- Албан Шерифи во кик лјат +69 кг (постар кадет) – КБК Тетове – Тетово – 3 место, победа протов Босанец, пораз од Хрват.
- Наим Самиу во кик лајт -79 кг (сениор) – КБК Тетове – Тетово – 1место, победи против Хрватот Домагој Главаш и Словакот Зига Збегиц.
- Артан Шабани во кик лајт -89 кг (сениор) – КБК Тетове – Тетово – 2 место со Хрватот Марио Матука.
- Марија Јанева во кик лајт -60 кг (јуниор) – КБК Гладијатор – Неготино – 3 место е поразена од Александра Спасески.
- Столе Јордановски во кик лјат +94 кг (јуниор) – КБК Гладијатор – Неготино – 2 место, дисквалификација во финалето.
- Мартин Матиќ во кик лјат -84 кг (сениор) – КБК Гладијатор – Неготино – 1 место, неговиот противник беше дисквалификуван.
- Димитар Ѓорѓиев во лоу кик -81 кг (сениор) – КБК Гладијатор – Неготино 1 место, извојува три победи, една со технички нокаут,+ и е прогласен за најдобар сениор.
- Никола Нацев во кик лајт +69 кг (постар кадет) – КБК Гладијатор – Штип – 3 место, две победи и пораз во полуфиналето.
- Јована Арсова во кик лајт -55 кг (јуниор) – КБК Гладијатор – Штип 1 место, три победи и е прогласена за најдобар јуниорка. 1 место и во поинт фајт, без борба-немаше противничка.
- Елмаз Ракипи во лоу кик -71кг (сениор) – КБК Сен сеи – Гостивар 5 место.
- Арбен Јонузи – шеф на татами е прогласен за најдобар судија на татамито.
Ipon.mk/В.Д.