16-годишен борач е новиот американски јунак, а го воодушеви и Дана Вајт (ВИДЕО)

Американците го слават својот нов херој, 16-годишниот борач Канаан Бауер од Ново Мексико. Ова момче покажа огромна храброст реагирајќи на обидот за киднапирање на дете, така што прво го спречи киднаперот, а потоа и го задржа до доѓањето на полицијата.

Ианку, Бауер е капитен на средношколскиот тим за борење и настапува во во тешка категорија. На лице место се најде случајно, но реагираше човечки. Всушност, реагираше најдобро што можеше во тој момент. Целата ситуација во медиумите ја раскажа неговата горда мајка Кара Гарет Бауер.

„Утрово околу 9 часот, на бензинската пумпа Чаки, мојот 16-годишен син, Канаан Бауер, слушнал врескање од другата страна на улицата додека полнел гориво. Жена со три деца излегла од автобус, кога машко во дваесетите години се обидел да ги киднапира нејзиното бебе и тригодишното дете. Канаан ја претрчал улицата, каде киднаперот во тоа време веќе влегол во продавницата. Без размислување за сопствената безбедност, Канаан го зграпчил човекот, го фрли на подот и го држел таму следните пет минути додека не пристигнала полицијата. Канаан е големо момче кое неодамна го освои првото место на регионалното натпреварување во борење. Има голема шанса дека Канаан спасил животи на неколку луѓе“, рече мајката Бауер, а пренесува teamusa.org.

На крајот е потврдено дека киднаперот  е 21-годишниот Даниел Белтран Аројо од Феникс, кој е задржан во притвор, бидејќи неговата кауција не му беше прифатена. Вработена на бензинската пумпа раскажа дека сè почнало додека споменатата жена чекала такси по симнувањето од автобусот, а Аројо бил близу до нејзе. Вработената го замолила да ја напушти бензинската пумпа и дека ќе повика полиција, на што рекол дека нема право на тоа. Таа и го направила тоа, но во меѓувреме, Аројо се приближил до жртвата и побарал од неа да му ги даде децата. Тргнал напред и го земал едното дете. Вработената се обидела да го спречи, по што ја турнал мајката на подотот, при што паднала држејќи го во рацете средното дете. Мајката станала и избегала во продавницата, а Аројо тргнал по неа откако ја ударил другата жена која се обидувала да го запре. Внатре во продавницата настанал хаос кој неколку моменти подоцна е запрен младиот Канаан.

Држењето на киднаперот од страна на младиот борач може да се види на безбедносните камери на продавницата.

Младиот херој јавно го пофали и претседателот на УФЦ Дана Вајт, која изрази желба да го запознае откако ќе заврши кризата. Вајт претходно ја покажа својата наклонетост на слични јунаци, па така неодамна вработи девојка која запре ограбувач, но поради постапката доби отказ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON