Јан Блахович сака борба за „Крал на Европа“ против Јиржи Прохаска

Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Јан Блахович, изјави дека е целосно подготвен да започне со тренинг камп штом УФЦ ќе се јави. Полјакот верува дека е време да се одлучи кој е вистинскиот „Крал на Европа“ во дивизијата и директно го именуваше Јиржи Прохаска како логичен следен противник.
„Таква борба треба да се случи наскоро – да се одлучи кој ќе ја носи круната“, категорично изјави Блахович за Хоум оф фајт.
Полјакот не крие и дека би сакал борба против Џамхал Хил, но нема намера да чека долго поради закрепнувањето на Американецот. Се очекува Хил да биде надвор од терените барем до крајот на 2026 година, додека Блахович сака да се бори многу порано.
Во последните четири борби Јан има биланс од 0-2-2, но тоа не го загрижува во однос на неговата позиција во организацијата. Тој рече дека не е загрижен за договорот или за ставот на УФЦ кон него.
„Не размислувам за тоа“, рече Блахович кога го прашаа дали неговата следна победа е задолжителна. И со право – Полјакот останува една од иконските фигури во полутешката категорија и легенда на дивизијата.
И покрај тоа што наполни 43 години, Блахович категорично ги отфрли сите мисли за пензионирање. Напротив – тој дури се пошегува дека долгоочекуваната видео игра The Elder Scrolls VI ќе биде објавена пред да се пензионира од ММА.
Јасната порака на Јан Блахович е дека тој сè уште има што да докаже и нема намера да забави – без разлика дали против Прохаска, Хил или друг врвен борец во полутешка категорија.



