Бадр Хари никако да избега од прегратките на затворот. „Bad Boy“ во светот боречката сцена повторно е зад решетки, и тоа во неговиот Мароко, во главниот град на Маракеш.
Најновото апсење се случило оваа недела, а причината е типична за еден од најпопуларните кикбоксери на денешницата. Хари се судрил со група британски туристи пред својот хотел. Немало физичка конфронтација, но, како што јавуваат странските медиуми, Хари само вербално се пресметал со своите неистомисленици.
Со оглед на нередот о што нстанал, полицијата го привела и тој завршил блиската полициската станица. Планетарна ѕвезда веднаш е ослободен и се вратил во својот хотел.
Да потсетиме дека Хари пред неколку дена се бореше GFC 3 претставата во Дубаи против Арнолд Обортов. Мароканецот славеше, фактички, по првиот чист удар. Литванцот падна по „примениот“ удар во телото и повеќе не можеше да стане. Наводно, за таа борба Хари наплатил повеќе од еден милион долари. И, каде би отишол да прослави со толкава заработка акио не дома!