Во специјализираната Олимписка младинска школа во Русија се случи трагедија.
Во областа Владимир 15-годишно момче почина по бокс меч, а руските власти спроведуваат истрага.
ТАСС обајви дека момчето учествуваа во натпреварот во саботата, каде што претрпело два нокдауни. Откако судијата ја завршил борбата, која била трета за момчето во три дена, добил напад. Медицинскиот персонал се обидел да му помогне на лице место, но момчето починало во амбулантното возило.
Инсражителите велат дека во текор кривична истрага за смртта предизвикана од невнимание и несоодветна извршување на службените задачи. Според извештајот, момчето се здобило со сериозни повреди на главата пред неколку години и неговото здравје барало посебно внимание, но му е дозволен настап без никакви ограничувања.