Фјури за парите во боксот: Кој сака да се бори за ситни е е*ан лажго!

Една од главните ѕвезди на модерниот бокс, поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури (34-1-1, 24 КО) ги посети Камару Усман и Хенри Сехудо во поткаст, каде исто така го сподели своето мислење за заработката на борците.

„Јас сум за борците да добиваат што е можно повеќе плата бидејќи знам колку е тежок спортот. Од година во година те тепаат за малку пари, а ти се чувствуваш како да не мрдаш, ништо да не правиш. Знам колку е тешко да се водат тешки битки речиси за ништо.

Бев таму, го направив тоа илјада пати. Значи, јас сум за борците да печалат што е можно повеќе. Сакате најлесни борби за најголеми пари. Секој што вели дека сака најтешки борби и дека е подготвен да се бори за ситни пари е ебен лажго“.

Фјури моментално е во фаза на подготовки за реваншот со Александар Усик кој е закажан за 21 декември во Саудиска Арабија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON