Јапонскиот карате мајстор, Масао Кагава, денеска потврди дека и идната година ќе дојде во Македонија и ќе го одржи својот втор семинар во Охрид.
Во известувањето од Јапонската карате шотокан организација пишува:
„Сaкаме да ве известиме дека шихан Кагава ја прифати Вашата покана да ја посети Македонија“.
Семинарот ќе се одржи 30 и 31 јули (техники, кумите и ВКФ кумите), првиот дел, а вториот е на 1 и 2 август (техники, ката и ВКФ ката).
Ќе потсетиме дека оваа година Кагава го одржа првиот семинар во Македонија во Охрид во организација на ЈКС Македонија.
Ipon.mk/В.Д.