Во жестока конкуренција натпреварувачите на Македонската традиционална таеквондо федерација освоија 28 медали – 10 златни, 7сребрени и 11 бронзени медали, и два пехари за најдобри поединци, а во севкупен пласман го освоија второто место на Меѓународниот турнир „Гран при српски соко 2024″ во Зворник, Босна и Херцеговина.
Репрезентацијата беше составена од 17 натпреварувачи од 4 клубови, тројца судии, двајца тренери и две официјални лица. Учество на овај натпревар зедој над 400 натпреварувачи од 38 клубови од 11 земји од Европа, како Италија, Грција, Унгарија, Хрватска, Словенија, Австрија, Унгарија, Романија, Србија, Бугарија и Македонија.
„Нашите најдобри поединци и овај пат го потврдија својот квалитет, Давид Крстески, освојувач на брознен медал во борби од последното Европско првенство во Копер, Словенија, се натпреваруваше две дисциплини во две возрасни категории, -63 кг јуниори 16-17 години и -64 кг сениори, влегувајќи на татамито да си ја проба среќата со повозрасни натпреварувачи. Давид Крстески во неговата категорија 16-17 години освои 2 златни медлаи, и во борби и во форми, со што беше награден и со пехар. Додека во сениори освои злато во фроми и сребро во борби. Давид Крстески се натпреваруваше паралелно на две борилишта во двете категории, немајќи многу време за одмор, иако исцрпен докажа дека е еден од најдобрите искачувајќи се на пидесталот во двете категории“, вели претседателот на МТТФ Марјанчо Лазаревски.
„Христијана Парулеска исто така по стапките на Давид Крстески влезе да се натпреварува две дисциплини (форми и борби) во две возрасни категории -55 кг помлади јуниорки 14-15 години и -57 кг постари јуниорки 16-17 години, освојувајќи златен во борби и бронзен во форми, во категорија14-15 години, и среберен медал во форми јуниорки 16 -17 години.
И Христијана се натпреваруваше две борилишта во двете категории, но во четвртфиналето во повозрасната категорија преморот ја спречи да земе уште еден медал. Хриситјана Парулеска беше избрана и наградена со пехар за најдобра помлада јуниорка 14-15 години.
Елена Јанеска кој овај пат учествуваше и како судија и како натпреварувач. Се натпреваруваше само во една дисциплина спаринг борби јуниорки 16-17 години -70 кг, иако преморена од судиските обврски, рутински ги совлада своите конкурентки, осовјувајќи го златото во нејзината категорија, со што докажа зошто е една од најдобрите“, вели Лазаревски и додава:
„Покрај овие натпреварувачи од нашата екипа посебно се истакнаа Анѓелкоски Дамјан, Теодора Тодороска, Миа Танеска, Анастасија Трифуноска, Анастасија Чулческа, Китаноски Даријан“.
Медали по клубови:
ТК „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец Охрид – 5 златни, 4 сребрени, 6 бронзени и пехар за најдобра јуниорка 14-15 години ТК „СОНКАЛ“ Мислешево Струга со 3 златни, 2 сребрени, 1 бронзен и пехар за најдобар јуниор 16-17 години ТК „ЧОНЏИ“ од Косел Охрид 1 златен, 1 сребрен, 1 бронзен ТК „МАСТЕР“ од Охрид 1 златен, 1 бронзен
ТК „АХИЛИУС“ Скопје со 2 бронзени медали
Лазревски го најави Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Охрид опен 2024“ што ќе се одржи на 22 јуни во СРЦ.„Билјанини извори“ во организација на МТТФ и ТК „ХВА РАНГ ИТФ“
„Годинава учество веќе имаат најавено повеќе земји и повеќе натпреварувачи од претходните години, со што прераснуваме во еден од поквалитетните натпреаври во регинот“, изјави Марјанчо Лазаревски претседателот на МТТФ.