Излезе плакатот за борбата на најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски за профисионален светски првак во кик бокс на ВАКО во К1 до 88,6 килограми.
Илиоски на 26 април на настанот „ ВАКО Про Арена фајт најтс“ ќе се бори за професионалната светска титула против светскиот ВАКО првак, Берк Дузенли од Турција.
Мечот ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, а борбите ќе почнат во 19 часот.
Ова е за првпат Македонија да биде домаќин на еден ваков кик бокс настан, кој е еден од најголемите настани во регионот.
На спектаклот ќе настапат и други познати македонски кикбоксери, предводени од светскиот првак Димитар Ѓоргиев, искусната Викторија Варадинова, талентираната и перспективна Марија Димовска, македонската иднина Силвио Мировски, Максим Митровски и Нелсон Узеир.
Карти за овој настан може да најдат преку Kupikarizase.com (онлајн) по цена од 350 денари и на билетара.