Голема боксерска надеж уапсена во САД, се соочува со затворска казна

Американскиот тешкаш Џаред Андерсон беше уапсен во четвртокот во Мичиген по полициска потера. Имено, големата боксерска надеж со автомобилот бегал од полицајците, а при бегството возел повеќе од 200 километри на час.

Андерсон се појави на суд во саботата и беше ослободен од притвор со кауција од 10.000 долари. За бегство од полицијата може да биде осуден на затворска казна до пет години.

Доколку биде осуден, сигурно ќе се соочи со парична казна и одземање на возачката дозвола на една година. Следното рочиште го има на 13 март во судот во Ромулус.

Во Орегон, полицијата го уапси Биг бејби пред три месеци за возење со оштетено возило и неправилно ракување со огнено оружје.

При интервенцијата полицаецот почувствувал мирис на марихуана како доаѓа од внатрешноста на автомобилот, а до Џаред имало отворено шише со жесток алкохол.

Андерсон потоа помина осум часа во притвор, а потоа беше ослободен со кауција од 7.500 долари.

Најнадежниот американски тешкаш (16-0, 15 КО) последниот меч го имаше на крајот на август минатата година, кога со прекин во петтата рунда го совлада Украинецот Андриј Руденко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON