Борачите на Олимпија имаа забележителен настап на вториот Меѓународен турнир „Венци Болизоев“освојувајќи три сребра во конкуренција на 160 борачи од балканските држави.
Штипјани настапија со 6 борачи, а тројца се пласираа во финале.
Резултати:
пионери родени 2010-2011
+59 кг Христијан Димитрев – второ место – 3 победи и еден пораз
пионери родени 2008-2009
65 кг Леон Стојанов – второ место – 3 победи и еден пораз
65 кг Филип Тодоров – една победа и еден пораз
47кг Дарко Коцев – една победа и еден пораз
кадети родени 2006-2007
65 кг Милан Димчевски – победа и пораз
70 кг Александар Миланов – второ место – три победи и пораз
Со екипата на Олмпија патуваа и борачите на Чаир, Беком Беслими (32 кг) освои златен медал и Алтан Беслими (35 кг) бронзен медал за борачи родени 2010-2011 година.