13 милиони гледачи на диво го гледале мечот Џошуа – Руиз

Повеќе од 13 милиони луѓе во целиот свет го гледале на диво поразот на Ентони Џошуа од Енди Руиз-Јуниор. Според MUSO во Велика Британија, точно 921.994 нелегални гледачи биле сведоци на поразот на нивниот боксер.

Обединетото Кралство се рангира на третото место на листата на држави, зад татковината на мајка му и  татко му на Џошуа – Нигерија (2.350.000) и Кенија (998.027). Интересно е тоа што 93 отсто од светската публика го користела Јутјуб за следење на најинтересната средба во тешка категорија.

Овие 13 милиони во целиот свет се најголемата гледаност, откако МУСО почна да го следи боксот во 2017 година. Досега, средбата меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер беше лидер со 9,98 милиони гледачи кои нелегално го следеле дуелот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON