Поминаа мерењето за настанот УФЦ Фајт најт 225 кој ќе се одржи за неколку часа во Лас Вегас.
Во главната борба ќе гледаме реванш за титулата во мува категорија кај жените. Шампионката Алекса Грасо ќе ја брани титулата против поранешната шампионка Валентина Шевченко. И двете беа успешни на мерењето.
Нивната тежина беше иста – 56,47 килограми.
Во коглавниот настан, Кевин Холанд и Џек Дела Мадалена ќе се борат во полусредна категорија. На мерењето Холанд тежеше 77,33 килограми, а Дела Мадалена се закова на 77,56 килограми.
Главна карта:
Алекса Грасо (124,5/ 56,47 кг) – Валентина Шевченко (124,5/ 56,47 кг)
Кевин Холанд (170,5/ 77,33 кг) – Џек Дела Мадалена (171/77,56 кг)
Раул Росас Јуниор. (135/ 61,23 кг) – Теренс Мичел (135,5/61,46 кг)
Даниел Зелхубер (156/ 70,76 кг) – Христос Гијагос (156/70,76 кг)
Фернандо Падиља (145,5/ 65,99 кг) – Кајл Нелсон (146/66,22 кг)
Прелиминарни:
Лупи Годинез (116) – Елиза Рид (115,5)
Роман Копилов (185,5) – Џош Фремд (185,5)
Едгар Чаирез (126) – Даниел Ласерда (125,5)
Трејси Кортез (126) – Јасмин Јасудавичиус (125,5)
Алекс Рејес (155,5) – Чарли Кембел (155)
Жозефин Кнутсон (115,5) – Марник Ман (115)
View this post on Instagram