Македонската кик бокс репрезентација ги започнува настапите на сениорското Европско првенство во Билбао, Шпанија, во ринговни дисциплини-лоу кик, К-1 и фулконтакт.
Под водство на селекторот Дејан Митровски очекуваме до 26 октомври Ненад Манојловски, Димитар Георгиев, Љупче Коцев, Мики Ивановски, Александар Најдовски и Александар Димовски да ја продолжат низата на успеси на овој спорт. Ивановски ќе настапи во К-1, останатите во лоу кик. Најмногу се очекува од двократниот светски првак Димитар Георгиев.
„Очекуваме висок пласман на ЕП, бидејќи имаме искусна екипа“, ни рече за време на подготовките претседателот на Кик бокс федерацијата на Македонија, Александра Неделковска, при што и таа посочи дека најмногу се очеува од Георгиев, кој 2011 година и 2013 година во Скопје и Анталија стана светски шампион.
ipon.mk/ В. Д.