Вајт имаше интересен одговор на прашањето за новите твитови на Мек Грегор во кои тврди дека ќе се бори во декември.
Конор Мек Грегор остави свој белег на УФЦ 290 за време на викендот, твитувајќи за време на настанот дека неговото долгоочекувано враќање во октагонот против Мајкл Чендлер ќе се случи во декември.
Дана Вајт фрли сериозен сомнеж во таа временска рамка, повикувајќи го печатот да престане да шпекулира за една од најголемите борби во годината.
„Знаете, има многу работа што треба да се заврши пред да разговараме за тоа“, рече Вајт на прес-конференцијата по УФЦ 290 на прашањето за твитовите на Мек Грегор. „И јас дадов интервју во петокот и еден куп ебиветровци напишаа приказни каде што реков „не ми е гајле што вели УСАДА“. **** до сите што ја напишале оваа приказна. Има многу работи што треба да се случат пред да се бори“.
Dana White provides an update on McGregor vs. Chandler.
McGregor is still yet to re-enter the USADA pool, but is still holding out hope that the fight happens this year. pic.twitter.com/UEVugjEN9H
— Aaron Bronsteter (@aaronbronsteter) July 6, 2023