Утре и во недела „Скопје опен 2023“ – прв меѓународен Г1 таеквондо турнир во Македонија

Скопје утре и во недела е домаќин на Меѓународниот Г1 таеквондо турнир „Скопје опен 2023“, кој е прв од ваков карактер во нашата земја.

Турнирот носи бодови за остварување олимписка норма, а ќе се одржи во СРЦ „Јане Сандански“.

Од МТФ повикуваат фановите да дојдат во поголем број особено на 9 април (недела) со почеток од 09.00 часот кога нашиот најдобар таеквондист Дејан Георгиевски (+87 кг) кој собира бодови за учество на следните Летни олимписки игри 2024 Париз.

Георгиевски ќе се бори за нови олимписки бодови против елитни борци од Јордан, Турција, Кина, Хрватска, Грција.

На овој турнир ќе има голем број олимписки, светски и континентални медалисти од целиот свет, генерално станува збор за елитно олимписко натпреварување кое е вистинска реткост во нашата земја.

Покрај Георгиевски, во сениорска конкуренција ќе настапат и Анамарија Георгиевска, Филип Додевски, Филип Стаменов, Фросина Рајковска, Иво Сандев, Мила Рељиќ и Сања Попоска.

Во јуниорска конкуренција ќе настапат Андреј Василевски, Дамјан Рајковски, Дарко Ѓорѓиев, Давид Божиновски, Филип Блажевски, Христијан Симоновски, Лука Ангелов и Сара Рамадановска Јовановска, а во кадетска конкуренција Антонио Негријевски, Дамјан Василевски и Стефан Димовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON