На Светското првенство за мажи во Узбекистан ќе учествуваат боксери од 104 земји

Спортисти од 104 земји ќе се борат за медали на Светското првенство во бокс во Узбекистан, соопшти Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА).

„Фактот што толку многу земји ги испраќаат своите боксери во Узбекистан е позитивен сигнал и доказ за брзиот развој на нашиот спорт ширум светот“, изјави претседателот на ИБА, Умар Кремлeв.

„Главната цел на ИБА е да создаде можности за сите боксери да се натпреваруваат и да ги покажат своите најдобри квалитети на меѓународно ниво. Денес, ИБА успешно го прави ова, давајќи пример како една меѓународна федерација треба да се однесува кон своите спортисти. Со нетрпение очекуваме да бидеме домаќини на незаборавно натпреварување во Ташкент во тесна соработка со Боксерската федерација на Узбекистан“, додаде Русинот.

Во февруари 2022 година, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) препорача на руските и на белоруските спортисти да не им биде дозволено да учествуваат на натпревари поради војната во Украина, но на 5 октомври ИБА ја укина казната на руските и белоруските боксери, на кои повторно им е дозволено да се натпреваруваат со националните се симболи.

Светското првенство за мажи ќе се одржи во Ташкент од 1 до 14 мај, а наградниот фонд ќе изнесува 5,2 милиони долари.

На 4 април Боксерската федерација на Англија објави дека нејзините спортисти нема да учествуваат на турнирот поради приемот на Русите. Претходно на Светското првенство во бокс за мажи и жени се откажаа и САД, Полска, Швајцарија, Холандија, Ирска, Чешка, Шведска, Канада и Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО