Полицијата на Увалдеа во Тексас уапси 12-годишно момче за убиството на професионалниот боксер Џон Ван Метер.
Убиството се случи во куќата на Ван Метер и неговата девојка во средата. Во времето на убиството биле и двете од нивни деца.
Во полицискиот извештај се наведува дека 24-годишниот боксер и неговата девојка слушнале гласна бучава, како некој да се обидува да ја разбие вратата.
Откако го сослушнала пукањето од огненооружје девојката на Ван Метер ѕвонела на 911.
Полицијата го пронашла Ван Метер на подот покрај влезната врата со куршум во главата.
Сведоците и рекле на полицијата дека виделе еден човек облечен во црно како го напушта местото на злосторството.
Набрзо е фатен и идентификуван од страна на сведок.
Се испостави дека се работи за 12-годишно момче.
Бидејќи е малолетник не му се заканува смртна казна,туку максимална затворска казна во траење од 40 години.
24-годишниот Ван Метер (2-4-1НЦ, 1 КО) со бокс се занимавал од 10-годишна возраст. Во 2016 година станал професионалец и откако не успеа да победи во првите пет борби, во последните две забележа победи. Последен пат боксираше во ноември, а следниот меч беше закажан во февруари.