По борбата на ММА борците и таи чи мајсторот добивме уште еден кандидат за најбизарна борба на годината. Во Јапонија се одржа контроверзната приредба на Дип џуевли/ Deep Jewels промоција на која 12-годишно девојче се бореше против двојно постара ММА воинка.
Љубители на боречките вештини и бројни светски медиуми жестоко реагираа на идејата за таква борба, сите беа загрижени за девојчето кое може тешко да настрада. Но, малата Момо Шимизу ги изненади сите и ја победи 24-годишната Момоко Јамазаки задушување од позадаи во првата рунда.
„Момо тренираше МЛД шест пати неделно, најмалку три часа на ден уште кога одеше во градинка. Веќе има сто аматерски БЏЏ, кик бокс и карате натпревари. Има повеќе искуство отколку нејзината противничка Момоко. Тоа ќе биде понижување за Јамазаки“, објави пред борбата менаџерот на 12-годишната Момо, Шу Хирата на. И беше во право.
По размената на ножни удари, Момо скокна на грбот на нејзината ривалка и пронајде начин да дојде до давење, иако Јамазаки се одржа до крајот на рундата кога се чеинеше дека ја губи свеста.
Така, Момо го импресионираше светот во својот прв професионален меч и покажа дека во вистинска борба навистина се е можно. Но, да додадеме дека заради безбедност и двете носеле шлемови.
https://youtu.be/qXRL-9CbZe4
https://twitter.com/OOSHiMAN_K/status/865964349843570688
A 12 year old choked out a 24 year old today at DEEP JEWELS 16. pic.twitter.com/rueAfrbj2Q
— Wesley Riddle (@AllThatMMA) May 20, 2017
https://twitter.com/mmajpn1/status/865998430123859969