Садулаев се враќа на душекот (ФОТО)

Абдулрашид Садулаев ќе направи сензационално враќање на душекот! Еден од најпознатите и најтитулраните борачи на нашето време ќе се бори во втората етапа од новосоздадената „Поддубни боречка лига“ („Poddubny Wrestling League“).

Ќе се одржи на 13 и 14 октомври во Москва и е поддржана од генералниот партнер на обложувалницата во Русија – Олимпбет.

Натпреварите ќе бидат поделени на рејтинг и светски серии. Најочекуваниот настан во борењето во слободен стил е враќањето на душекот на Абдулрашид Садулаев кој не настапил никаде во 2022 година.

Тој ќе одржи една борба од светската серија, а противник ќе му биде повеќекратниот медалист на големите првенства – Белорусинот Александар Гуштин, пренесува сајтот на Руската боречка федерација.

Гуштин и Садулаев досега имаа 7 меѓусебни пресметки, а сите ги доби „Аварскиот тенк“.

И Гуштин и Садулаев годинава не учествуваа на големите првенства. Причината е што на сите белоруски и руски борачи им беше забрането да учествуваат на каквибило големи форуми во овој спорт!

Абдулрашид Садулаев има вкупен биланс од 144 победи и само 2 порази во кариерата (еден беше токму од Снајдер). Тој е олимписки шампион (2016) во категоријата до 86 килограми. а веќе од Токио – во категоријата до 97 килограми.

„Аварскиот тенк“ има вкупно пет светски титули (2014, 2015, 2018, 2019 и 2021 година). Борачот од Русија двапати ги освои Европските игри (2015 и 2019 година), а е и четирикратен европски шампион (2014, 2018, 2019 и 2020 година).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON